Достапни линкови

Отежната потрагата за преживеани во северозападна Кина


Силните дождови и понатамошното лизгање на земјиштето во северозападна Кина ја отежнуваат потрагата по преживеани во областа Гансу каде загина повеќе од 700 луѓе а 1.000 се уште се водат за исчезнати. Најмалку 3 села се потрупани од надојдената кал и од лизгањето на земјиштето. Кинеските власти стравуваа од појава на епидеми, и затоа испратиле специјални медицински екипи кои треба да спречат ширење на болести. Во потрага по преживеани е вклучена и кинеската војска.
XS
SM
MD
LG