Достапни линкови

Русија распоредила проектили во Абхазија


Русија распореди софистицирани ракети С—300 за противоздушна одбрана во грузискиот отцепен регион Абхазија, соопштил врховен командант на воздухопловните сили на Русија. Генералот Александар Зелини изјавил дека руските војници кои работат на системот за противвоздушна одбрана ќе соработуваат со тамошната армија за да се обезбеди одбрана на териоторииите на Абхазија и на Јужна Осетија. Оружје за воздушан одбрана било распоредено и во Јужна Осетија. Грузиај изрази загриженост за расместувањето на антиракетно оружје на териториите кои се уште ги смета за свои.
XS
SM
MD
LG