Достапни линкови

logo-print

ОН:Талибанците може да ја искористат ситуацијата во Пакистан


Од ОН денеска предупредуваат дека Талибанците може да ја искористат ситуацијата во Пакистан кој е поплавен и да оперираат меѓу раселените од поплавите. Преставникот на ОН за хуманитарна помош Жан-Морис Риперт изјавил дека бунтовниците може да ги искористат маките на луѓето за да си ги прошират своите идеи и цели. Претходно денеска Талибанците повикаа владата да не ја прифаќа странската помош , бидејќи на тој начин само ќе се корумпираат официјалните претставници. А таквата помош ќе доведе до потчинување на Пакистанците. Талибанците ветија 20 милиони долари помош за поплавените.
XS
SM
MD
LG