Достапни линкови

Во Украина уште едно поскапување на гасот


Цената на гас за домаќинствата во Украина повторно ќе се зголеми, по барање на Меѓународниот монетарен фонд. Вицепремиерот Серхиј Тихјупко изјавил дека цената на гасот ќе се зголеми 50 проценти во април 2011-та. Цената на гасот за домаќинствата веќе се зголеми за 50 проценти овој месец, исто така по барање на ММФ. Повисоката цена на гасот беше клучниот услов ММФ да и одобрат кредит на земјата од 15 милијарди долари. Кредитот е за помош на украинската економија погодена од економската криза. Повисоките цени се предвидени за да се поттикне заштедата на енергија
XS
SM
MD
LG