Достапни линкови

Подготовки за годишнината од Рамковниот договор


Од минатогодишната прослава на Охридскиот договор

Од минатогодишната прослава на Охридскиот договор

Со свечен прием во организација на Владата годинава ќе се одбележи деветгодишнината од Рамковниот договор.

Трета година по ред, прославата за годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор е во организација на Владата, односно на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор. Свечениот прием ќе се одржи задутре во хотелот Александар Палас, информира владиниот портпарол Мухамед Хоџа.
Истиот ден според агендата подготвена од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор ќе се организира трибина под наслов ,,Рамковниот договор денес и во перспектива.


„Истиот ден според агендата подготвена од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, ќе се организира трибина под наслов „Рамковниот договор - денес и во перспектива“. На трибината ќе учествува вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор г-динот Адеми, претседателот на државата Иванов, професорот Исмаили и професорот Илиевски.“

Хоџа вели дека присуството на прославата го потврдиле претседателот Ѓорге Иванов и претседателот на собранието Трајко Вељаноски. Се уште нема информации дали премиерот Никола Груевски ќе присуствува на прославата.

Амбасадорот Хозе Луис Хереро и вицепремиерот задолжен за рамковен договор Абдулаќим Адеми

Голем дел од странските амбасадори во земјава ќе дојдат на свечениот прием. Хоџа информира дека на деветгодишнината од потпишувањето на Рамковниот договор ќе присуствува и американскиот амбасадор Филип Рикер. Евроамбасадорот Ерван Фуере поради годишен одмор ќе „ја прескокне“ годинешнава прослава.

Од истите причини нема да се појави и еден од потписниците на договорот, лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски. Делегацијата на СДСМ ќе ја сочинуваат потпретседателот Гордан Георгиев и пратеникот Јани Макрадули. Од лидерите на поголемите политички паритии, присуството засега го потврдил лидерот на Нова демократија Имер Селмани.
Тој историски момент не е нешто што се идентификува со ДУИ, така што ние учествуваме во одбележувањет, сме поканети од Владата на РМ. како гости ќе бидеме.

Минатата година, по повод осумгодишнината од потпишувањето на Рамковниот договор имаше бројни активности - врачување на решенија за работа на 290 кандидати, промоции на книги, отварање на средно училиште во Зајас, започнување со градба на клиника во Тетово. Хоџа вели дека оваа година нема многу свечени активности, затоа што за догодина планираат голема прослава по повод јубилејната десетгодишнина од договорот, на која ќе бидат поканети и тогашните олеснували Франсоа Леотар и Џемс Пердју.

„Се планира да се оддржи некоја поголема конференција каде што ќе се разговара за Рамковниот договор и другите договори во регионот, тоа е за јубилејот, значи за 10-годишнината.“

Неколку години по ред по потпишувањето на договорот, прославата ја организараше политичката партија ДУИ. Пратеникот Џевад Адеми од ДУИ вели дека не планираат партиски активности за прославата. Тоа е значаен датум за Македонија, а не само за ДУИ, вели тој.

„Тој историски момент не е нешто што се идентификува со ДУИ, така што ние учествуваме во одбележувањето, сме поканети од Владата на РМ како гости.“

Рамковниот договор го оконча конфликтот од 2001 година. Него го потпишаа тогашниот претседател Борис Трајковски и лидерите на четирите најголеми политички партии – Љубчо Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој тогаш беше и премиер, Бранко Црвенковски од СДСМ, Арбен Џафери од ДПА, Имер Имери од ПДП, како и двајцата претставници на меѓународната заедница, Леотар и Пердју.





  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG