Достапни линкови

САД загрижени за егзекуциите во Иран


Американскиот државен секретар Хилари Килнтон изјави дека САД се загрижени за слободата на борците за човекови права во Иран, како и на други луѓе кои се соочуваат со опасност од егзекуција и побара од земјата да престане да ги гони. Клинтон за пример го зема случајот на 18 годишниот Ибрахим Хамиди кој се соочува со егзекуција, бидејќи е обвинет за хомосексуалност, како и за случајот на Сакине Мохамади Аштиани која се соочува со смртна казна со каменување, откако е прогласена дека е виновна за извршување прељуба.
XS
SM
MD
LG