Достапни линкови

Осудени 4 мажи за масакарот во Академијата во Азербејџан


Тројца мажи во Азербејџан биле осудени на доживотен затвор а еден добил 11 години за масакарот во Академијата за нафта во 2009-та при што загинаа 12 студенти и вработени. Но и по судењето не се откри вистинскиот мотив за инцидентот. Истрагата првично покажа дека масакарот го извршил само еден напаѓач кој боледувал од шизофренија и кој се самоуби на местото на настанот. Но полицијата подоцна уапси тројца мажи кои го организирале нападот на барање на државјанин на Грузија со ерменско потекло кој им понудил 50 илјади долари да го извршат делото.
XS
SM
MD
LG