Достапни линкови

Авганистан ќе ги расформира приватните безбедносни компании


Портпаролот на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изјави дека има намера да ги расформираат сите приватни компании за безбедност, како меѓународни така и авганистански кои работат во земјата. Портпаролот изјави дека расформирањето на приватните безбеднсосни компании е сериозна програма која владата има намера да ја спроведе. Карзаи веќе зборувал со командантите на заедничките американски и НАТО сили во земјата. Странските војници користат странски компании за обезбедување кои им помагаат во нивната работа и во заштита на нивните конвои . Приватните безбедносни компании вработуваат од 30 до 40 илјади вооружени лица.
XS
SM
MD
LG