Достапни линкови

logo-print

Политички дисквалификации, наместо дијалог


Во Парламентот се помалку се одвиваат конструктивни дебати, а и надвор од него партиите секојдневно со обвинувања.

Без слух за барањата и без цврсти аргументи за одбрана на ставовите, прикриени и сведени на меѓусебни навреди, препукувања и деманти за се и сешто, вака експертите го оценуваат однесувањето на политичките партии и на пратениците во Собранието. Последен пример е недонесувањето на деловникот, поради тоа што и власта и опозицијата имаа различни предлози, а немаа капацитет за
Нашиот Парламент повеќе се карактеризира со дебати без крај, каде што секоја страна свири различна музика, а малку имаат развиен слух за аргументите на другата страна.
компромис. Само под притисок на меѓународната заедница мнозинството во парламентот ги прифаќа забелешките на опозицијата или донесувањето на некои закони, вели политикологот Албет Муслиу. Нашиот парламент во последниве години не успеа да се постави над владата и да работи во интерес на граѓаните, вели тој.

„Нашиот Парламент повеќе се карактеризира со дебати без крај, каде што секоја страна свири различна музика, а малку имаат развиен слух за аргументите на другата страна. Така што мислам дека многу повеќе кај нас Парламентот се користи како сцена за политички маркетинг, отколку за место каде што се оддржуваат конструктивни дебати кои би се прифаќале за доброто на сите граѓани.“
Наместо со дисквалицфикации јас мислам дека ќе им успее осбено кај неопределените гласачи, да одат со аргументи наместо да ја копираат Владата со директни атаци на личноста на некој поединец.
Амблемите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Не само кај владејачкото мнозинство, туку и кај опозицијата недостига бранењето на ставовите со
аргументи, вели професорот Здравко Савески. Опозицијата ја прифати играта на владата ставовите да се бранат само со навреди врз одредена личност, вели тој.

„Имам забележано кај опозицијата дека и таа веќе ја прифаќа таа игра да одат со дисквалификации што сепак ги почна Владата. Наместо со дисквалицфикации јас мислам дека ќе им успее осбено кај неопределените гласачи, да одат со аргументи наместо да ја копираат Владата со директни атаци на личноста на некој поединец, било тој да е премиер или останати.“

И меѓународната заедница на политичарите од земјава им забележа на недостигот од толеранција за меѓусебните идеи и им порача да го зголемат нивото на политички дијалог, кој беше нарушен со последниот инцидент меѓу партениците во Собранието и кој ќе биде оценуван во наредниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG