Достапни линкови

Во Русија и натаму шумски пожари


Руските пожарникари и спасувачи ги продолжуваат напорите за спречување на шумските пожари да зафатат некои клучни нуклеарни постројки. Денеска еден војник загинал при гаснење на пожарот во близина на нуклеарниот истражувачки центар кај Саров. Во скоро двонеделните пожари загинале над 50 луѓе. Властите ги отфрлија критиките дека биле слабо подготвени во справувањето со пожарите. Претседателот Дмитриј Медведев вчера изјави дека веројатно гаснењето пожари во Луксембург било полесно отколку во Русија.
XS
SM
MD
LG