Достапни линкови

Расте бројот на цивилните жртви во Авганистан


Бројот на цивилите кои од почетокот на оваа година загинале или биле повредени во Авганистан е зголемен за над 30 насто. Ова се наведува во најновиот извештај на Обединетите нации во кој се додава дека во истовреме опаднал бројот на жртвите меѓу војниците на НАТО. Според извештајот, во првата половина од годинава во Авганистан загинале повеќе од илјада и 200 цивили, а за убиствата биле одговорни талибанците.
XS
SM
MD
LG