Достапни линкови

Специјален штаб на ЕУ за политичката криза во Албанија


Специјален штаб на Европската унија од септември ќе се обиде да ја надмине политичката криза во Албанија. Штабот ќе биде предводен од специјален пратеник на Високиот претставник за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон. Дипломатски извори соопштија дека во решавањето на политичката криза во Албанија ќе учествува и новиот евроамбасадор, кој треба да биде именуван во јануари. Планирано е Ештон да ја посети Тирана идниот месец, а од нејзиниот извештај ќе зависи дали Унијата ќе ги укине визите за Албанија или не.
XS
SM
MD
LG