Достапни линкови

Иран користи нови уреди за збогатување ураниум


Иран активирал нови уреди за поефикасно збогатување ураниум, потег што е во спротивност со одлуките на Советот за безбедност на Обединетите нации. Ова во Виена го соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија, наведувајќи дека Иран треба да ги прекине сите активности поврзани со овој процес. Советот за безбедност во јуни годинава на Иран му воведе четврти пакет санкции поради обивањето да ги спроведе резолуциите на Советот. Во минатиот месец следеа уште поостри санкции од Соединетите држави и од Европската унија.
XS
SM
MD
LG