Достапни линкови

logo-print

9 годишнина од загинувањето на војниците кај Љуботенски Бачила


Денеска ќе се одбележи девет годишнина од загинувањето на воените обврзници на АРМ кај месноста Љуботенски Бачила, соопшти Министерството за одбрана. Пред спомен обележјето во село Љубанци, венци ќе положат членовите на семејствата на загинатите, делегации од Кабинетот на претседателот на Македонија, Владата, ГШ на АРМ, здруженија на граѓани, политички партии и други. Предвидено е и положување венци пред спомен белегот во касарната Илинден. На 10 август 2001 година, кај месноста Љуботенски Бачила, камион на АРМ полн со муниција налета на две нагазни мини, при што загинаа осум војници од резервниот состав.
XS
SM
MD
LG