Достапни линкови

Јапонија се извини за окупацијата на Корејскиот Полуостров


Јапонската влада испрати официјално извинување за колонијалното владеење со Корејскиот Полуостров. Јапонскиот премиер Наото Кан изрази длабоко жалење за „патењето“ предизвикано од јапонските власти од 1910 до 1945. Извинувањето доаѓа во пресрет на прославата на ослободувањето на Јужна Кореја, која се ослободила на 15 Август 1945 година. Јужна Кореја го поздрави извинувањето и изрази надеж дека ова ќе значи почеток на нова ера на блиска соработка со Јапонија.
XS
SM
MD
LG