Достапни линкови

Рехабилитација на Пелистер


Чист воздух за децата

Чист воздух за децата

130 деца од Велес и Миладиновци ќе дишат чист планински воздух на Пелистер и ќе ги ублажуваат последиците од загадените подрачја во кои живеат

На Пелистер, на климатска рехабилитација заминаа 130 деца од Велес и дваесет од скопско Миладиновци. Седум дена, дишејќи го чистиот планински воздух, тие ќе ги ублажуваат здравствените последици од тридецениското загадување на Топилницата, односно рафинеријата Окта. Родителите ги испратија со надеж дека од таму ќе се вратат поздрави од кога било.
Очекувам дека неговата здравствена состојба ќе биде подобрена. Претходно многу често заболуваше од респираторни заболувања, бронхити и слично. Се надевам дека во наредниот период овие појави ќе бидат поретки.


„Очекувам дека неговата здравствена состојба ќе биде подобрена. Претходно многу често заболуваше од респираторни заболувања, бронхити и слично. Се надевам дека во наредниот период овие појави ќе бидат поретки.“

„На мојот син ова му е шеста година како оди на климатска рехабилитација. Има бронхијална асма. Скоро две години не сме биле во болница, инаку редовно по два пати годишно, болнички се лекувавме. Многу сме задоволни и затоа еве по шести пат оди со другарчињата, бидејки целата таа околина, и моликата и воздухот му одговараат“, велат мајки чии деца имаат здравствени проблеми.

Илустрација

Климатска рехабилитација за болните деца од Велес, како резултат на живот во загадена средина, се организира по девети пат. Лекарите кои ја следат здравствена состојба на заболените деца од бронхит, бронхопневмонии и астма, велат дека ова е еднинствен начин за зајакнување на имунитетот.

„Кога ќе се заврши лекувањето на тие деца, потребна им е една природна бања како што е Пелистер и една рехабилитација која сега ја остваруваме“, вели д-р. Зорица Ковачевска Гашева, педијатар.

На чист воздух, годинава, во две смени од по седум дена, ќе престојуваат вкупно 300 болни деца. За нив ќе се грижи тим од лекари и воспитувачи. Покрај рехабилитацијата, децата таму ќе имаат можност да се дружат и забавуваат.

„Летната климатска рехабилитација ќе се одвива седум дена што е навистина недоволно, но во интерес и во склоп на финансиската ситуација која ја има Министерството, се договоривме да не се намалуваат децата и да не се намалуваат деновите“, рече Сашко Андреевски, претседател на Друштвото на родители за грижа за здраво поколение.

Министерството за животна средина, за рехабилитацијата на децата, обезбеди еден милион денари. Ова е единствено обештетување кое државата им го плаќа на децата кои имаат здравствени последици како резултата на работењето на Топилницата. Иницијатор и организатор на рехабилитацијата е невладината организација Друштво на родители за здраво поколение.
XS
SM
MD
LG