Достапни линкови

logo-print

Дебарчани ја бараат ветената помош


Дебар

Дебар

На 6-ти септември се навршува една година од силниот земјотрес во Дебар. Ветената помош за дебарчани сеуште не е исплатена.

На 6 септември се навршува една година од силниот земјотрес што го погоди регионот на Дебар, од кој повеќе станбени и деловни објекти претрпеа штети. И покрај тоа што изминува една година, на оштетените жители од општина Дебар не им е исплатена ветената помош за штетата што ја причини оваа природна непогода. Веќе неколку месеци, по извршените проценки на соодветната комисија при општината, која работеше во согласност со утврдените стандарди во земјава, средствата се уште не се исплатени, а реакциите на оштетените дебарчани се постојани.
Но до овој момент немаме ниту позитивен ниту негативен одговор. Според нашите проценки направени според методологијата на скопскиот градежен факултет, станува збор за помош од 300 илјади евра. Но тоа е помош на владата, а не исплата на штети.

„Информацијата составена од Комисијата за елементарни непогоди при општина Дебар, во која беа опфатени проценки за околу 700 оштетени куќи беше прифатена и од страна на Советот на општината, и тоа без забелешки. Потоа таа информација со потребната документација со проценките ја испративме до владината Комисија. Но до овој момент немаме ниту позитивен ниту негативен одговор. Според нашите проценки направени според методологијата на скопскиот градежен факултет, станува збор за помош од 300 илјади евра. Но тоа е помош на владата, а не исплата на штети“, објаснува Решат Ќормемети, претседател на соодветната комисија.

Ќормемети вели дека локалната власт има редовни контакти со владината комисија за овој проблем.

Оштетените граѓани, инвивидуално или во групи, постојано ја бараат ветаната помош. Според нив, санацијата на домовите поради силниот земјотрес пред една година веќе започна да се врши, но со нивни средства.

Дебар

Дритан Леши од невладината организација „Еден долар за Дебар“, истакнува дека до сега, во име на оштетените се обраќале, како до локалните, така и до централните власти за овој проблем.

„Сега е летен период и сега се вршат санациите. Скоро 80 насто од сопствениците на оштетените стари куќи се социјални случаи. Ние како НВО сектор реагиравме повеке пати, но информациите говорат дека до сега оштетените немаат добиено ниту денар“, вели Леши.

Поголем број на оштетените станбени и деловни објекти ова лето се санираат, но се врши со сопствени средства на оштетените. Најмногу оштенени куќи има во стариот дел на градот Дебар, бидејки таму куќите се изградени со камен или плитар .
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG