Достапни линкови

Ирански новинар-Херој на слободата на печатот


Истакнатиот ирански новинар и дисидент Акбар Гањи денеска е прогласен за Херој на слободата на печатот од страна на Меѓународниот институт за печат за неговата храбра работа како новинар во Иран. Тој поминал шест години во затвор за серијата статии објавени во 1999 за врските на Владата во систематските убиства на интелектуалци и дисиденти во 80-те и 90-тите. Гањи продолжил да пишува и во затвор а неговата книга “Зандани на духови“ допринесе за поразот на многу конзервативни политичари на изборите во 2000-та. Тој беше ослободен во 2006 година и веднаш ја напушти земјата.
XS
SM
MD
LG