Достапни линкови

Во Русија 10 милиони тони помалку пченица од предвиденото


Рускиот премиер Владимир Путин денеска изјави дека годинава поради сушите земјата ќе има 10 милиони тони помалку жито од очекуваното.Русија е трета по ред земја во светот во прозводството на пченица. Во услови кога земјата се соочува со екстремно високи температури и со пожари, изгубени се повеќе од 10 милиони хектари земја. Поради тоа Русија нема да извезува пченица и шеќерна репка некое време . Забраната за извоз ќе трае од 15 август до 31 декември. Се очекува недостатокот да биде надополнет со државните резерви.
XS
SM
MD
LG