Достапни линкови

При лизгање на земјиште во Кина 337 загинати


Кинеските власти соопштуваат дека при лизгање на земјиште во провинцијата Гансу загинале 337 луѓа, а повеќе од 1.400 се уште се водат за исчезнати. Надојдената кал и земјиштето од поројните дождови покриле 5 километри површина, а на некои места достигнува и до 3-от спрат од зградите. Спасувачките екипи и со голи раце ја копаат калта да стигнат до настраданите, јавуваат агенициите. Во провинцијата мнозинството население се Тибетанци. Властите испратиле 2.400 војници и 100 лекари да помогнат во спасувањето.
XS
SM
MD
LG