Достапни линкови

Наоми флертувала со Тејлор


Керол Вајт поранешниот агент на британската манекенка Наоми Кембел на денешното сведочење во специјалниот кривичен суд за Сиера Леоне, изјавила дека Кембел му се додворувала на поранешниот либериски претседател Чарлс Тејлор на вечерата во 1997-та година, кога тој и подарил дијаманти. Сведочењето на агентката се разликува од она на манекенката пред судот за Сиера Леоне. Кембел во петокот изјави дека таа добила неколку камење но не знаеле дека се дијаманти , ни кој и ги праќа. Судот му суди на Тејлор за воени злосторства и злосторства против човештвото.
XS
SM
MD
LG