Достапни линкови

Карпентер:можно заладување на односите САД-Србија


Соединетите држави ќе се обидат да го спречат усвојувањето на резолуцијата која Србија ја поднесе во Обединетите нации, а ќе го употребат и своето влијание во Европската унија и во меѓународните институции на штета на Србија, изјави денеска потпретседателот на институтот „Като“ од Вашингтон, Тед Карпентер. Тој наведе дека е можно заладување на односите меѓу САД и Србија бидејќи во Вашингтон се лути поради изостанување на очекуваниот исход на американската политика. Тој рече дека САД не можат значително да ја загрозат Србија, но оти можат да го искористат своето големо влијание во меѓународните институции.
XS
SM
MD
LG