Достапни линкови

Да се преиспите формирањето на Национален траума центар


Од Универзитетската Клиника за ортопедски болести - Скопје испратиле жалба до Владата и до Министерството за здравство во врска со одлуката за формирање нова Јавна здравствена установа Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар. Од Клиниката сметаат дека Владата треба да ја преиспита и поништи донесената одлука и да продолжи според предвидената програма за реформи во здравството. Со оваа одлука, соопштуваат од Клиниката, Владата отстапува од нејзината објавена програма за развој на здравствената дејност во од 2009 до 2017 година објавена на нејзиниот сајт и во некои медиуми.
XS
SM
MD
LG