Достапни линкови

logo-print

Во Нагасаки одбележана годишнината од атомското бомбардирање


Во јапонскиот град Нагасаки денеска се одбележува 65 годишнината од кога Соединетите држави фрлија атомска бомба на крајот на Втората светска војна. Точно во 11 часот и 2 минути со молчење им била оддадена почит на жртвите. Тоа е времето кога била детонирана бомбата. Градоначалникот на Нагасаки Томошија Тауе изјавил дека се надева оти денешната цермонија ќе ги убеди светските лидери за важноста на свет без нуклеарнто оружје. Бомбардирањето на Нагасаки доаѓа на 3 дена по онаа на Хирошима, каде е фрлена првата атомска бомба. Во нападите загинале најмалку 80 илјади луѓе.

XS
SM
MD
LG