Достапни линкови

Северна Кореја со истрели кон Јужна Кореја


Од министерството за надворешни работи на Јужна Кореја соопштуваат дека Северна Кореја пукала од артилериско оружје во водите во близина на нејзиниот западен брег. Истрелите доаѓаат во време на тензи меѓу двете Кореи, откако беше потопен јужнокорејски брод за кој Сеул го обвинува Пјонгјанг, и по воените вежби најпрвин на Јужна Кореја и САД, а сега и самостојните на Јужна Кореја. Вчера Северна Кореја зароби и еден јужнокорејски рибарски брод . Во меѓувреме Соединетите држави соопштија дека Северна Кореја се согласила на преговори со Јужна Кореја на ниво на полковници.

XS
SM
MD
LG