Достапни линкови

Фароу сведочела против Тејлор


Американската актерка Миа Фароу пред судот за воени злосторства сведочеше против поранешниот претседател на Либерија Чарлс Тејлор . Сведочењето на Фароу го оспорува тврдењето на британската манекенка Наоми Кембел. Обвинителството ги повика Фароу , Кембел и нејзиниот поранешен агент Керол Вајт да сведочат за необработениот дијамант кој Тејлор и го подарил на манекенката по вечерата кај тогашниот претседател на Јужна Африка Нелсон Мандела во 1997-та. Наоми во сведочењето минатата недела рече дека примила неколу мали камења, но не знаеле дека се дијаманти, ниту кој ги пратил. Но Фароу изјавила дека манекенката на сите им раскажала дека Тејлор и пратил голем дијамант.

XS
SM
MD
LG