Достапни линкови

Напад на полициска станица во Багдад


Еден полицаец и еден случен минувач загинале денеска во експлозија на бомба до една сообраќајна полициска станица. Последниот напад е дел од серијата напади кои во изминатите два дена се случија во Багдад. Досега овој месец во експлозии загинале најмалку 5 сообраќајни полицајци, а најмалку 27 биле повредени. Сообраќајните полицајци не носат елеци за заштита од куршуми и се лесен цел за напаѓачите.
XS
SM
MD
LG