Достапни линкови

Зголемен број на фирми со блокирани сметки


Се повеќе фирми со блокирани сметки

Се повеќе фирми со блокирани сметки

Во 2009 година во споредба со 2008 за половина е зголемен бројот на фирмите со блокирани сметки.

Зголемениот број фирми со блокирани жиро сметки негативно се одразува на економскиот раст и на полнењето на народната каса, сметаат упатените. Народната банка деновиве објави податоци кои
Претпријатијата имаат блокирани сметки, значи тие не можат нормално да функционираат и да ги остваруваат целите за кои се формирани, а тоа е создавање на одредени добра и услуги. Сите тие вкупно влегуваат во вкупниот БДП на земјата.
покажуваат дека во 2009 година, во споредба со 2008, бројот на фирми со блокирани сметки во банка се зголемил за повеќе од половина. Освен на економскиот раст, ваквиот тренд негативно се одразува и на полнењето на Буџетот, вели Шенај Хаџимустафа од Центарот за економски анализи.

„Претпријатијата имаат блокирани сметки, значи тие не можат нормално да функционираат и да ги остваруваат целите за кои се формирани, а тоа е создавање на одредени добра и услуги. Сите тие вкупно влегуваат во вкупниот БДП на земјата.“

Фирмите со блокирани жиро сметки не мжат да придонесат кон раст на Бруто домашниот производ, вели Хаџимустафа.

Шенај Хаџимустафа, Центар за економски анализи

„Тоа секако значи дека повлекува и други негативни импликации, значи намалена вработеност, инвестиции и сето тоа негативно влијае понатаму на економијата.“

„Намалениот интерес за отворање на нови фирми, наспроти порастот на блокирани депоненти и пртетпријатија во стечај се должи на влошените економски услови во земјата, како последица на постепеното прелевање на ефектите од глобалната економска кризаврз домашната економија во текот на 2009 година“, се вели во извештајот на НБРМ. Кризата не е главна причина за слабиот интерес за т.н. старт-ап бизниси, вели Љупчо Деспотовски од „ПСМ Јес“, бизнис инкубаторот.
Значи, не само на младите, туку и на овие над 40 и 50 години, полесно им е да одат пред влада да се бунат отколку да седнат и да размислуваат за започнување
бизнис.

„Не мислам дека кризата влијае врз Македонија нешто посебно. Ние немаме компании кои се способни да се натпреваруваат со поголемите од надвор.“

Причини за слабиот интерес за отворање нови фирми се, меѓу другото, менталитетот и недостатокот на пари, додава Деспотовски.

„Значи, не само на младите, туку и на овие над 40 и 50 години, полесно им е да одат пред влада да се бунат отколку да седнат и да размислуваат за започнување бизнис.“

Инаку, според податоците на централната банка, лани во споредба со 2008 година, повеќе од 30 отсто од претпријатијата влегле во стечај. Од друга страна, бројот на новоотворени фирми се намалил за 20 проценти.
XS
SM
MD
LG