Достапни линкови

„Рамковна“ плата без работа


Стоп за партиските вработувања? Зградата на Владата на Република Македонија
Стоп за партиските вработувања? Зградата на Владата на Република Македонија

Околу 600 вработени по Рамковниот договор седат дома, а земаат плата. Според познавачите, тоа се одразува врз квалитетот на јавната администрација.

Седат дома, а земаат плата! Во ваква ситуација се наоѓаат околу 600 вработени по рамковен договор, според еден припадник на албанската заедница вработен во јавната администрација. Тој вели дека повеќе од две години чека да добие некаква функција и дека не сака да троши пари од буџетот, без да даде свој придонес за државата.
Сепак и јас чувам деца, имам фамилија и не сакам тие деца да ги гледам со така наречени арам пари.


„Секој месец, кога поштарот ќе ми донесе плата, мене ме боли. Сакам да придонесам, лебот што го земам сакам да го заработам, а не да седам дома и да јадам. Сепак и јас чувам деца, имам фамилија и не сакам тие деца да ги гледам со така наречени арам-пари. Тоа на крајот на краиштата ќе ми биде и во функција на моето искуство.“

Претседателот на комитетот за односи меѓу заедниците Џеват Адеми вели дека тое е реален проблем, кој се одразува врз професионалноста на јавната администрација.

Хереро за рамковните вработувања
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:06 0:00


„Како ќе имаме квалитетни, стручни, компетентни државни службеници ако тие не го применуваат тоа што го научиле и не ја користат шансата што им ја дала општеството. Мислам дека сите фактори вклучени во овој проект треба да дадат максимум, тие луѓе не само да ја заработат платата, туку и да придонесат да имаме реформирана администрација.“

Новите кадри вработени според рамоковниот договор се примени по партиска линија и не е запазена законската процедура, вели професорот Борче Давитковски.

„Како може некој да биде примен, а не знае во кое министерство, каде ќе работи, што ќе работи. На овој начин уште повеќе ја полниме државната администрација со партиски војници.“

Во интервју за Радио Слободна Европа амбасадорот на ОБСЕ во Македонија Хозе Луис Хереро вели дека рамковните вработувања не треба да предизвикуваат првработеност, туку да се прецизира бројката колку луѓе се потребни.

„Многу е важно тие да не се вработуваат на вештачки начин. Се разбира, јавната администрација секоја година има потреба од човечки ресурси тие имаат потреба од нови кадри и секоја година има ротација, но тоа што е важно е во таа нова ротација да се зема предвид концептот на рамноправна застапеност, но не треба да се измислува ново работно место кое не е воопшто потребно. Тоа не е идејата, идејата е работните места да бидат навистина потребни.“

Една од работите кои и беа посочени на владата на последниот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација беше и то дека треба да биде ставен крај на партиските вработувања во јавната администрација.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG