Достапни линкови

logo-print

Актерката Миа Фароу ќе сведочи во Хаг против Чарлс Тејлор


Американската актерка, пејачка и поранешен модел Миа Фароу ќе сведочи денеска на судењето за воени злосторства на поранешниот претседател Либерија, Чарлс Тејлор. Хашкиот трибунал ја повика Фароу и поранешниот агент на британскиот модел Наоми Кембел, Карол Вајт, да сведочат за подарените небрусени дијаманти кои Тејлор, наводно, и ги подарил на Кембел, во 1997 по вечерата во Јужна Африка чиј домаќин беше Нелсон Мандела. Обвинителите тврдат дека Тејлор вооружувал и командувал со бунтовниците во Сиера Леоне кои убија и осакатија илјадници лица во граѓанската војна меѓу 1992 и 2002. Обвинителите се надеваат дека сведоштвото од Фароу и Вајт ќе докаже дека Тејлор имал врски со „крвавите дијаманти" од милитантите во Сиера Леоне. 62-годишниот Тејлор негираше каква било вмешаност во трговијата со дијаманти или пак со милитантите од Сиера Леоне. Наоми Кембел сведочеше минатата недела.
XS
SM
MD
LG