Достапни линкови

Низ Балканската рута од Авганистан се пренесува 80 % хероин


Српските цариници запленија синоќа 20 килограми хероин на граничниот премин Градина на границата со Бугарија, што е најголема заплена на дрога во Србија оваа година, а вредноста на црниот пазар на дрогата е околу половина милион евра, изјави синоќа српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Хероинот се наоѓал во автомобил „мерцедес“ со холандски регистарски таблици, со кој управувале двајца холандски државјани со турско потекло, двајцата на возраст од 27 години.
Тие патувале од Турција за Холандија, што е уште една потврда на функционирањето на т.н. „балканска рута“ на хероинот која, според проценките на американските безбедносни служби, во западноевропските земји илегално се дистрибуира дури 80 отсто од вкупната количина на хероинот од Авганистан и другите источни земји, додаде Дачиќ
XS
SM
MD
LG