Достапни линкови

Поплавите во Пакистан предизвикале штети од неколку милијарди долари


Поплавите во Пакистан предизвикаа штети во висина од милијарди долари, изјави денеска специјалниот американски пратеник во земјата Жан Морис Риперт за новинската агенција „Асошиејтед Прес“. Милиони долари ќе им бидат потребни на пакистанските власти за да ги санираат последните штети од најлошите поплави кои ја зафатија земјата, рече Риперт, додавајки дека за да се покријат сите штети ќе бидат потребни неколку милијарди долари и повеќе години работа. Организацијата на обединетите нации се` уште ги проценува штетите од поплавите.
XS
SM
MD
LG