Достапни линкови

Чавез против новопредложениот американски амбасадор во Венецуела


Претседателот на Венецуела Хуго Чавез изјави дека нема да го прифати новономираниот американски амбасадор во неговата земја поради коментари за војската и венецуелските бунтовници. Чавез побарал од американскиот претседател Барак Обама да ја повлече номинацијата на Лери Палмер бидејки тој ги прекршил правилата на дипломатијата. За време на конфирмацискиот процес во Белата куќа, Палмер посочи дека моралот и професионализмот речиси ги нема во венецуелската војска. Потенцијалниот амбасадор дополнително забележа дека постојат врски меѓу левоориентираните бунтивници и власта во Венецуела.
XS
SM
MD
LG