Достапни линкови

Клинтон: да се расветли убиството на лекарите во Авганистан


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска издаде соопштение во кое повикува да се расчистат убиствата на 10 –те медицински работници,чии тела беа пронајдени во петокот во Авганистан. Денеска и Авганистанските власти соопштија дека ќе спроведат истрага. Иако Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот, од министерството соопштуваат дека е прерано да се каже кој е одговорен за убиствата . Од НАТО соопштија дека станува збор за трагичен настан и повикаа на координација за зголемување на безбедноста во Авганистан .. Меѓу загинатите странци има Американци, Германец и Британец.
XS
SM
MD
LG