Достапни линкови

Централната Банка:Иран мора да се справи со санкциите


Од Централната банка на Иран денеска изјавиле дека Исламската Република мора да го намали увозот, за ја намали потрошувачката на гас , да ги зголеми даноците за луксузни стоки и да го зголеми производството за да се соочи со санкциите, бидејќи според нив не постои друг начин за справувае со последната рунда санкции поради нуклеарната програма . Новите санкции на ОН се фокусирани на банкарскиот и на енергетските сектори во земјата , a ЕУ и САД воведоа и дополнителни санкции. Исто така денеска и иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад повика Иран да го зголеми производството на глобално ниво за да им нанесат удар на светските сили.
XS
SM
MD
LG