Достапни линкови

Иранскиот адвокат доби азил во Норвешка


Адвокатот на иранката која е осудена на смрт со каменување заради прељуба , а кој минатата недела пребега во Турција, денеска соопшти дека му бил одобрен азил во Норвешка. Адвокатот Мохамад Мостафаи изјавил дека се надева дека на крајот Иран ќе му дозволи да се врати во земјата. Тој избега затоа што верува дека властите сакаат да го убијат. Неговиот клинет Шакинен Мохамади Аштиани е осудена на смрт со каменување, заради прељуба. Нејзиниот случај доби меѓуанародно внимание и адвокатот денеска изјави дека се надева дека Западот ќе притисне да не се изврши делото, а тој да се врати во Ирак.
XS
SM
MD
LG