Достапни линкови

Поради чадот од Москва се повлекуваат дипломатите


Поради густиот чад од шумските пожари кој ја обви Москва, повеќе земји од своите консулати во главниот град ги повлекоа своите работници. Меѓу земјите кои си ги повлекоа дипломатите се Австрија, Полска и Канада а Германија привремено го затвори својот конзулат. Интензивните пожари се последница на екстремно високите температури кои се движат и над 40 целзиусови степени. САД и Велика Британија ги предупредија своите граѓани на ризикот од патување во Москва а Франција и Бугарија ги повикаа своите жители да се воздржат од патување во Москава и Русија воопшто
XS
SM
MD
LG