Достапни линкови

Одбележана деветгодишнината од Карпалак


На автопатот Скопје-Тетово кај Карпалак денеска беше одбележана деветгодишнината од загинувањето на 10-те прилепски резервисти. На одбележувањето присуствуваа членови на семејствата, соборците, членови на кабинетот на претседателот на Владата, претставници на АРМ, политички партии и невладини организации. Марин Најдов од тетовскиот огранок на Здружението на бранителите „Достоинство“ рече дека е потребно достојно да се одбележат и другите места каде бранителите го дале животот за татковината. Мермерната плоча кај Карпалак, како и другите плочи поставени во спомен на паднатите бранители во Тетовско се честа мета на вандали кои ги кршат или оштетуваат.

XS
SM
MD
LG