Достапни линкови

Грузија ја критикуваше посетата на Медведев на Абхазија


Грузиската влада ја критикуваше денешанта посета на рускиот претседател Дмитри Медведев на отцепениот регион Абхазија. Грузискиот заменик премиер Темот Јакобашвили изјави дека посетата на Медведев е да го отргне вниманието од своите домашни проблеми со пожарите, и дека со тоа не е сменето ништо во кавказкиот регион. Медведев денеска отпатува во ненајавена посета на Абхазија на одбележување на две годишнината од руско-грузиската војна , кога руските трупи извршија инвазија во Грузија, во поддршка на другиот отцепен регион, Јужна Осетија. Медведев денеска разговараше со бунтовничкиот лидер Сергеј Багапш, и вети дека ќе се развие целосна политичка, економска и безбедносна соработка со Абхазија.
XS
SM
MD
LG