Достапни линкови

Муслиманите се подготвуваат за светиот месец Рамадан


Речиси милијарда и половина муслимани низ целиот свет во следните неколку денови ќе започнат со одбележување на светиот месец Рамадан, посветен на молитва и пост. Во текот на Рамадан верниците апстинираат од јадење, пиење, пушење и сексуални односи за време на дневна светлина, а во вечерните часови, јадат мали оброци и ги посетуваат пријателите и семејството. Рамадан ќе започне оваа година на 10 или на 11 август. Првиот ден од светиот месец започнува кога ќе се види младата месечина со голо око. Теолози и научници се собираат секоја година да се одреди почетокот на Рамадан, кој варира во целиот свет според локација.
XS
SM
MD
LG