Достапни линкови

Во нападите во Басра 43 загинати


Властите во ирачкиот град Басра соопштиле денеска дека билансот на жртви од синоќешните напади во тој град се искачи на 43 загинати. Во нападите се повредени и над 100 луѓе. Двете експлозии една по друга се случиле во трговскиот центар Ал Ашар во Басра. И понатаму не се познати причините за експозијата. Неофицијални извори соопштуваат дека првата експлозија била од подметната бомба а втората од автомобил бомба, но шефот на полицијата изјавил дека екплозиите се последица на дефект на генератот за струја.
XS
SM
MD
LG