Достапни линкови

Поради поплавите полски политичар останал на дрво


Претседателот на една полска општина и неговиот возач чие возило било однесено од поплавите, биле пронајдени закачени на едно дрво, исцрпени , но живи. Локалниот лидер вчера цел ден ги посетувал местата погодени од поплавите , на кои и сам станал жртва. Политичарот и неговиот возач ги скршиле стаклата од автомобилот, за да можат да излезат и да се качат на дрво на кое поминале повеќе од 9 часа. Обилните дождови предизвикаа поплави на тромеѓето Полска, Чешка и Германија. Во Полска досега починаа двајца луѓе.
XS
SM
MD
LG