Достапни линкови

logo-print

Во поплавите во Чешка 5 загинати


Поплавите на северот на Чешка се намалуваат, но расте бројот на жртви. До сега загинале 5 луѓе, а тројца се водат за исчезнати. Најлоша е сотојбата на тромеѓето Чешка, Полска и Германија. Таму некои општини се отсечени бидејќи водата ги поплави патиштата. Во регионот Либерец синоќа биле евакуирани 2.000 луѓе со хеликоптери. Луѓето за да избегаат од водата морале да се качуваат на покривите од куќите. На северот од Чешка е во прекин железничкиот сообраќај. Премиерот Петар Нецас им порачал на погодените од поплавите да не се грижат за финансиска помош. Ова е трет бран на поплави во земјата од средината на мај. Во првите два беа погодени истокот и југот на Чешка, а сега штети трпи северот на земјата.
XS
SM
MD
LG