Достапни линкови

Јужна Кореја:сменети премиерот и 7 министри


Претседателот на Јужна Кореја Ли Мијунг Бак го сменил премиерот и уште 7 министри, што е најголема промена на владиниот кабинет откако е дојден на власт во февруари 2008-та година. Сменети се министрите за култура, земјоделие, економија, образование, здраство и за социјални прашања. Сите промени треба да ги одобри Парламентот на Јужна Кореја. Премиерот во земјата има церемонијална улога и нема многу должности. Шефот на државата има одлучувачка улога и на промени се одлучил 2 недели откако неговата партија победи на парламентарните избори.
XS
SM
MD
LG