Достапни линкови

При лизгање на земјиште во Кина 80 загинати


Најмалку 80 луѓе загинале, а 2.000 се водат за исчезнати при лизгање на земјиште презизвикано од обилните дождови во северна Кина. Тој регион е населен главно од етнички Тибетанци, објавија државните кинески медиуми. Според првичните проценки од катастрофата се погодени 50 илјади луѓе. Во Кина оваа година во поплавите загинаа повеќе од 1.100 луѓе, а стотици се уште се водат за исчезнати.
Кинескиот премиер Вен Џиабао отпатувал на местото на несреќата.

XS
SM
MD
LG