Достапни линкови

НАСА:Вселенската станица се уште има проблеми


Двајца американски астронаути осум часа чекореа низ вселената, што е еден од најдолгите прошетки во историјата, во обид да го поправат системот за ладење на Меѓународната вселенска станица. Сепак, мисијата беше само делумно успешна. Претставници на американската вселенска агенција НАСА велат дека ќе бидат потребни уште два обиди за да се поправи работата. Дефектот на системот за ладење предизвика да се затворат некои инструменти и да не се користи одредена опрема .Од НАСА соопштуваат дека дефектот е сериозен но не ги загрозува животите на американскити и на руските членови на екипажот во вселенската станица.
XS
SM
MD
LG