Достапни линкови

Закана од нови поплави во Пакистан


Поројните дождови кои повторно го зафатија Пакистан ги комплицираа напорите за помош и за спасување на населението по последните поплави. Властите се борат да им помогнат на милиони луѓе кои се раселени од најлошите поплави во историјата на земјата. Поради новите врнежи многу од хеликоптерите кои им помагаа на луѓето се приземјени. Властите прогласија вонредна состојба во неколку региони на кои им се закануваат нови поплави. Хидрометероолозите предупредија дека и во нареднте денови ќе има обилни врнежи . НАТО, одговарајќи на пакистанското барање за помош, објави дека ќе и помогне на земјата. Пакистанците го обвинија претседателот Асиф Али Зардари дека си земал одмор во Европа во услови во кои населението се соочува со најкатастрофалните поплави забележани по последните седум децении.
XS
SM
MD
LG