Достапни линкови

Во серија експлозии во Басра 20 загинати


Најмалку 20 луѓе, се убиени во серија експлозии на пазар во Басра, вториот по големина град во Ирак. Западните медиуми јавуваат дека можеби загинале и до 40 луѓе, а повеќе од 100 се повредени. Се уште не се познати причините за експлозиите. Инцидентите во Басра беа меѓу серија на бомбашки напади и престрелки во Ирак во саботата. Во други напади загинаа најмалку седум ирачки полицајци , а исто така, загинаа и беа повредени голем број цивили.

XS
SM
MD
LG