Достапни линкови

Германија бара целосна истрага за убиството на лекарите


Германија денеска повика на целосна истрага во врска со убиствата на осум странски хуманитарни работници во Авганистан, вклучувајќи и една Германка , чии тела беа пронајдени во северниот дел на Авганистан. Странците, работеле за меѓународна мисија за помош . Директорот на мисијата Дирк Франс вели дека во тимот на лекари и медицински сестри имало шест американски државјани, и по еден од Германија и од Британија. Талибанците ја презедоа одговорноста за настанот. Германската влада денеска издаде соопштение во кое повикува на казнување на оние што се одговорни за криминалот.
XS
SM
MD
LG