Достапни линкови

Чадот во Москва се одразува и врз фудбалот


Фудбалскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Русија и Бугарија, кој треба да се одигра во среда, наместо во Москва ќе се одигра во Санкт Петербург. Одлуката за смена на теренот следи по состојбите во главниот руски град и чадот од пожарите активни околу Москва, поради што е отежнато дишењето, но и поради големите горештини, соопштуваат од руската фудбалска федерација. Загаденоста на воздухот во Москва сега е пет пати поголема од дозволената.
XS
SM
MD
LG